Барса до Видал: Остануваш!

од Aleksandar Petrovski
347 прегледи

Раководството на Барселона сака да го задржи Артуро Видал барем до крајот на сезоната, пренесува Спорт. „Остануваш“ е големиот наслов на изданието денес. Чилеанскиот репрезентативец поднесе тужба против клубот за 2,4 милиони евра поради наводно неисплатени бонуси.

Според тренерот Ернесто Валверде, ова нема да има влијание на спортско-технички план. Интерес има за Артуро од Интер. Од „Камп Ноу“ се очекува да ја видат реакцијата на Јужноамериканецот – дали ќе покаже дека сака да игра за Барса или ќе го исфорсира неговото заминување.

Слични содржини