Како настанало се: Занимливости кои ќе ви ги откријат сите божикни тајни

340 прегледи

Божик е празник кој не може да се заобиколи на нашето поднебје. Но, дали некогаш сте се запрашале од каде доаѓаат сите традиции? Како настанал Дедо Мраз во обликот како што го знаеме денес и каква врска има Холандија со тоа?

Првиот божикен саем бил отворен во 16 век во баварското место Нуренберг. Далечната 1570 на тој саем се продавале храна и пијалоци, а со текот на годините семите на германското подрачје се рашириле низ цела Европа, а потоа и САД.

Првото китење на дрвото како што денес го знаеме е забележано околу 1600 година во германската Порајнј, а отаму се раширило низ целиот христијански свет. Се смета дека германците инспирацијата на нашле во античките верувања.

Зимзеленото дрво во нивиот свет симболиирало плодност, а гранките се кителе со свеќи за да се осигура добриот род и одбијат злите сили.

Во нашите краишта, некогаш, место божикно дрвце, дента пред Божик се носело бадник, односно дрво кое го добило името по тој ден. Со тоа се врзани многу обичаи, традиции и песни.

Со теот на времето место дрвцето бадник се носеле гранки од бор или елка. Тие биле украсувани со јаболки, ореви и бонбони, а на врвот се ставало ѕвезда или ангел.

На денешните дрва често се наоѓаат украси во црвена и златна боја. Но тоа не е случајно. Имено, како што се смета, тие бои се врзани со иконското значење на Божик. Црвента го симболизира Исуси неговата жртва, зелената живот, а златната светлина и изобилство.

Дедо Мраз всушност настанал од идејата за св. Никола. Според легендата, Свети Никола од местото Патаара, денешна Турција, бил бискуп, па своите добра одлучил да ги подели со оние кои немаат ништо. Во текот на декември дарувал и ситници како овошје.

Токму тој светец имал важна улога во Холандија во времето на реформација. Сепак, неговото име на холандски гласи Синтер Клас, па со времето станал Santa Claus, што од англиски се преведува кај нас како Дедо Мраз.

Токму ликот на дедо Мраз бл искористен од компанијата Кока Кола, која прва во историјата го ставила неговиот лик во маркетиншки цели.
Во тоа најважна улога имал Хадон Сандблум, илустртор кој во 1931 го осмислил дедо Мраз каков што го знаеме деес.

Омилениот ирвас на Дедо Мраз, Рудолф, настанал за да ги поттикне децата и родителите во купување на божикните боенки од шеесетите години на 20 век. Но, немал црвен нос кој свети.

Имено, во тоа време, црвениот нос потсеќал на болести и алкохолизам, па бидејќи боенките биле наменети за деца, фирмата Монтгомери Варс сакала тоа да го избегне по секоја цена. Исто така, размислувале за тоа да го наречат Региналд или Роло.

Една од најпродаваните и најпознати божикни приказни на сите времиња е Божикна приказна (Christmas Carol) од Чарлс Дикенс.

Една од најубавите традиционални божикни песни, се смета, е Тивка ноќ, света ноќ.

Во оригинал е наречена „Stille Nacht, heilige Nacht“ настанала во мало место близу Салцбург во 1818 година. Ја напишал тамошниот свештеник Џозеф Мохр, а за прв пат била изведена од тамошниот црковен хор.

Песната во 2011 година е заведена во УНЕСКО под заштита како нематеријално богатство.

Слични содржини