344
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска, по повод христијанскиот празник Христовото раѓање – Божик, ќе присуствува на архиерејска литургија во црквата „Свети Ѓорѓија“ во Охрид, соопштија од неговиот кабинет.
Владина делегација во состав на Премиер на владата, Оливер Спасовски, заменик премиер Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче ќе присуствуваат на света божествена литургија по повод празникот Христовото раѓање Божиќ – во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје
На оваа литургија своето присуство го најави и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Инаку, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, ќе богослужи архиерејска литургија на Св. Василиј Велики по повод Раѓањето Христово – Божик,