Честитка од претседателот на ДУИ Ахмети по повод христијанскиот празник Божик

од Ивана Рамаданова
163 прегледи

Претседателот на Демократска унија за интеграција Али Ахмети, упати честитка до граѓаните по повод христијанскиот празник Христовото раѓање – Божик.

„Божик е голем и значаен православен празник со кој се слави раѓањето на Исус Христос и не соединува во искрените взаемни желби за здравје, успех, среќа и меѓусебно разбирање и почит. Со векови славиме, се почитуваме, веруваме и се радуваме заедно“, стои во честитката од претседателот на ДУИ.

Во честитката претседателот на ДУИ Ахмети на граѓаните им посакува здравје, среќа, спокој и благосостојба.

Слични содржини