Амарантот е популарна безглутенска житарка која изобилува со нутритивни вредности и бенефити. Има лесен вкус и може да се комбинира во многу оброци.
Хранливите состојки се сконцентрирани во јадрото на житарката, а не само во лушпата, па така со готвењето всушност и не се губат хранливи материи. Поради неутралниот вкус одлично се комбинира и во благи и во солени оброци, а може да замени и ориз во порциите со месо или риба.
Постои и експандиран амарант кој можете да го додавате слободно во десертите, чиа пудинг или овесна каша.
Амарантот е житарица со бледо жолта боја. Mногу наликува на просото и има голема нутритивна вредност, не е калоричен и е многу здрав. 100 g амарант содржи 386 kcal. Исто така зрната амарант се полни со протеини (12-13%) што е најмногу во однос на другите житарици. Амарантот ги содржи есенцијалните аминокиселини лизин, метионин и цистеин. Освен протеини амарантот содржи и 5-9% масти од кои 77% се незаситени масни киселини меѓу кои доминира линолната киселина. Јаглехидратите во зрната се воглавно во форма на скроб и сосема малку шеќер. Од минералите содржи: сулфур, магнезиум, железо, калциум, калиум, цинк, фосфор, селен и малку натриум. Од витамините содржи А, Б-комплекс (Б1, Б2, Б3) и Е.