Рама: Муџахедините во Албанија се дел од хуманитарна, а не политичка операција

од Nikola Popovski
196 прегледи

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека иранските муџахедини во Албанија се дел од хуманитарна, а не политичка операција.

Во комуникација со албанските новинари, Рама од Виена додаде дека хуманитарниот став за иранската опозиција во Албанија е напишан и во договорот.

-Како прво, ова е тема и прашање кои не е нови за нас во однос на Иран. Ние презедовме акција што е чест за Албанија, а е во продолжување на албанската традиција и продолжение на една стратешка алијанса со САД да ги отвори вратите за група луѓе чиј живот е во опасност. Како што пишува и во договорот, тие во Албанија се во рамки на хуманитарна, а не на политичка операција, рече Рама.

Додаде дека неговата земја не е изложена на потенцијална закана како резултат на иранско-американската конфронтација.

-Не верувам дека ова ја изложува Албанија на посебен начин и нема причина да веруваме во тоа, затоа што сме во постојан контакт со нашите сојузници и кога станува збор за тајните служби тие се без конкуренција. Ние сме во безбедни раце кога станува збор за добивање информации, рече Рама.

И поранешниот албански премиер, екс министер за одбрана, и актуелен прв човек на Министертвото за дијаспора, Пандели Мајко, смета дека Албанија не е загрозена од американско-иранскиот конфликт.

Гостувајќи во емисија на Топ чанел, Мајко рече дека прелевањето на конфликтот од Блискиот Исток во Европа ќе донесе проблеми за Иран.

-Прелевањето од Блискиот исток кон Европа носи повеќе проблеми за нив. Во Блискиот исток едно се мисли, а друго се прави, рече Мајко.

Претходно иранскиот духовен водач Али Хамнеи ја прогласи Албанија за непријател, додавајќи дека таа е „лоша европска земја која ги згрижила нивните непрјатели“.

Слични содржини