ФОТО ВЕСТ: Попова Шапка се претвора во депонија

од Ивана Рамаданова
526 прегледи

И после неколкуте граѓански акции за собирање на отпад фрлен од несовесните посетители, најголемиот зимски туристички центар Попова Шапка се претвора во депонија.

Фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи се сведок дека овој туристички бисер со години наназад е запуштен и оставен на негрижата од надлежните и туристите кои го посетуваат.

Попова Шапка во поседните неколку години стана мета за градење без план и мерка, а сето тоа е невидливо за инспекциските органи и надлежните служби.

Со ваквата негрижа, Шапка полека но сигурно неповратно го губи епитетот на зимска убавица, која се повеќе станува предмет на беззаконие и безмилосно градење.

Фото Фејсбук

Слични содржини