Баша: Агенцијата „Фич“ ја наведе Албанија како ризично место за инвестирање

од Aleksandar Petrovski
248 прегледи

Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, изјави дека според влијателната меѓународна кредитна агенција „Фич“ за 2019 година, Албанија „станала уште поризично место за инвестирање“.

– Според меѓународната агенција Фич, во 2019 година Албанија стана уште поризично место за инвестирање. Нашите шанси кои се потребни за привлекување инвестиции секојдневно се намалуваат. Во меѓувреме, меѓународната заедница е уморна од неуспесите на оваа Влада, напиша Баша на Фејсбук.

Баша оценува дека за надминување на кризата потребна е „добро осмислена политика“.

– Нашата земја има вистински луѓе и ресурси за да одат напред. Она што ни треба се сериозни, добро осмислени политики кои ќе ја запрат кризата и ќе и дадат на земјата платформа што и е потребна за да успее, наведува Баша.

Претходно, по објавувањето на извештајот на „Фич“, загриженост изрази и шефот на државата Илир Мета.

– Би сакал да изразам загриженост во врска со извештајот на престижната меѓународна агенција Фич за 2019 година, според кој Албанија е со полоша проценката на нивото на перцепција на инвеститорите, од 59,8 на 53,5 отсто,наведува Мета.

Според него, ова се должи на длабоката политичка криза во земјата и додава дека итно треба да се обнови политичкиот дијалог меѓу партиите.

Слични содржини