Интернетот полуде: Што ќе работат Меган и Хари за да ги заработат истите пари?

од Elena Daskalova
328 прегледи

Колку што последните настани во кралското семејство не им се допаѓаат (или им се допаѓаат) на членовите, толку луѓето низ светот во овој настан наоѓаат забава.

Годишно, како војвода и војвотка од Сасекс, Хари и Меган заработуваа во просек по 34 милиони фунти, од кои секако, голем дел ги даваше токму кралицата. Но, сега, откако сакаат да станат финансиски независни, оваа сума и не е толку лесно достижна, со оглед на тоа што Меган ја напушти својата актерска кариера за да може да биде дел од кралското семејство.

Корисниците на социјалните мрежи веќе се шегуваат дека Меган ќе треба да работи повторно како актерка, но и како промотерка на козметика, заштитно лице на парфемски линии, да работи и во кујна или во некоја архива, за да може за една година да обезбеди половина од кралската заработувачка.

На Хари му предлагаат да се вработи како градежник, во фабрика за бонбони, а за време на новогодишните и божикните празници да се маскира како Дедо Мраз, за да може да се фотографира со деца и да им носи подароци.

Но, од друга страна, ниту Меган ниту Хари досега не изјавија дека и понатаму сакаат да уживаат во кралскиот раскош. Не е исклучена можноста да живеат живот како просечен жител, според најновите претпоставки, на Канада, и да се откажат од луксузот на кој досега навикнаа. Сепак, се чини дека тоа и не е толку лесно, но останува да видиме дали ќе се снајдат во таква улога.

Слични содржини