Самрак: Испробајте ја новата хит-техника за бојадисување коса

од Elena Daskalova
423 прегледи

Самрак како поим можеби ве потсетува на нешто мрачно и темно, или пак на популарните вампирски филмови со Едвард и Бела, но овојпат се работи за нешто сосема друго.

Во фризерските салони сè почесто се бара техниката на бојадисување коса наречена токму самрак, а истата е дело на фризерката Кариса Шауд и се предвидува дека ќе биде вистински хит оваа година.

Но, она што е карактеристично е дека е наменета за девојки со природно топол кафеав тон на косата, а прамените се извлекуваат во златесто руса нијанса. Одржувањето е лесно, доколку се прави техниката на вашата природна коса. Обновување е потребно на секои 4-5 месеци.

Доколку пак, имате ладна нијанса на косата, можете да примените нејзино целосно бојадисување во потопла нијанса, а потоа и нијансирање на прамени, но во овој случај ќе треба да посетувате фризерница доста почесто, бидејќи израснатите корени нема да изгледаат воопшто пријатно.

Што ја прави оваа техника поразлична од омбре и балајаж? Нијансираниот прамен всушност се бои нерамномерно и ја нема истата боја по целата должина, туку прелева од потемно во посветло. Колку и да ви изгледа хаотично на прв поглед, се работи за навистина ефективна техника.

Слични содржини