Димовски: Никој освен СДСМ не дава поддршка на поништувањето на лустрацијата

од Aleksandar Todeski
366 прегледи

Се навршува 75 годишнина од масакрот во Велес врз политички затвореници, кои биле убиени со мотики кои се залагале партизани да не гинат на туѓи фронтови, туку да се борат за Македонија. Вака пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски ја почна прес конференцијата во која образложуваше зошто тие се против поништување на лустрацијата.

„Уште многу вакви истории на луѓе кои што единствена вина им било тоа што се залагале Македонија да има демократско уредување, да има парламентарни избори, онака како што и АСНОМ во своите први документи се залагаше. Сите тие што останале на линијата на АСНОМ ги затекнала мрачната судбина да завршат по затворите, а помалку среќните и да бидат ликвидирани без никакви пресуди. Нашето прашање е кои се жртвите, оние кои овозможувале лица да бидат политички и физички ликвидирани или тие кои биле ликвидирани“, рече Димовски.

Тој обвини дека владејачката СДСМ и денеска го прави истото. Според него, министри ги координирале судските постапки.

„Никој освен СДСМ како наследник на тој претходен режим не сака да даде поддршка на тој закон. Нема европска земја која не поминала низ лустрацијата. Ние сме тука, ако Кирацовски ја закаже седницата во 11 часот навечер, ќе отидеме и со аргументи ќе се спротивставиме. Македонија помина низ најмеката лустрација“, додаде Димовски.

Според него, владејачката партија немала аргументи за укинувањето на лустрацијата.

А.Т.

Слични содржини