Бројот на туристи е зголемен за пет отсто во однос на 2018 година

од Ивана Рамаданова
306 прегледи

Бројот на туристи до ноември годинава е зголемен за пет отсто во однос на 2018 година, објави Државниот завод за статистика. Според последните податоци, во периодот од јануари до ноември 2019 година вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 2,6 отсто во однос на истиот период од претходната година. Бројот на ноќевањата на домашните туристи остана на исто ниво, а кај странските има зголемување за 5,7 отсто.

„Туристичките локалитети во Македонија во периодот јануари – ноември 2019 година ги посетиле вкупно 1.123.495 гости. Од нив, 716.966 биле странски туристи. Изразено во проценти, станува збор за зголемување на вкупната бројка на туристи за пет отсто во однос на истиот период од 2018 година“, велат податоците од Државниот завод за статистика.

Податоците велат дека најголем придонес во забрзаниот развој на туристичкото работење имаат странски гости, чиј број само во текот на ноември 2019 година бил зголемен за 19,3 отсто. Воедно, бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 15,5 отсто.

„Бројот на туристите во ноември 2019 година изнесувал 64.458, додека бројот на остварени ноќевања е 135.866. Споредено со истиот месец од 2018 година, бројот на туристите бил зголемен за 13,2 отсто, а бројот на ноќевањата е зголемен за 7,5 отсто“, се вели во последниот извешат на Државниот завод за статистика.

 

 

 

Слични содржини