Јакимовски бил приведен поради семејно насилство

од Aleksandar Petrovski
446 прегледи

Поранешниот вработен во Централен регистар, Емил Јакимовски кој им се закануваше на новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска бил приведен по претходна пријава за семејно насилство.

Во моментот тој е во полициска станица, потврдуваат од МВР од каде велат дека Јакимовски ќе биде задржан на понатамошна постапка во координација со обвинителството. Неофицијално, вчера Јакимовски бил пријавен и за други случаи за закани и насилство.

Од скопското обвинителство велат дека се уште не добиле кривична пријава од МВР. Единствено до нив стигнало барање од полицијата да издадат наредба за обезбедување на телефонската и интернет комуникацијата на Јакимовски.

Слични содржини