Сестрите Џенер обвинети за кражба

376 прегледи

Кендал и Кајли Џенер обвинети се дека ги украли чипканите дизајна на фирмата Klauber Brothers која ги тужеше поради кражба на авторски права. Според тужбата оваа фирма, стара 161 година, во своите модни брендови користат чипкани детали кои се оригинално користени на нивната облекам пишува Fox News.

Klauber Brothers, фирма основана во Германија 1859, ги пронашла своите чипкани нацрти на два одделни предмети, танга која Кајли на продава на нејзиниот онлајн шоп и слип гаќичките кои се продаваат во рамките на заедничкиот бренд Кендал+Кајли.

Според оваа фирма, на појасот на тангата на Кајли е искористен нивен дводимензнионален чипкан дизајн, додека кај слип гаќичките пременета е друга нивна мустра.

На својата страница, Кендал и Кајли тврдат дека „повеќето“ нивни детали се заштитени со авторски права.

„Klauber е познат по тоа што користи најнови механизми за создавање единствени и креативни модни предмети за да се развијат нови шари. Важно е да се истакне и дека работиме на техниките кои ја унапредуваат уметноста изработена од чипка“, пишува на нивната страница.

Фирмата сега, според службените судски документи, бара од Кендал и Кајли целата заработка од продажбата на овие две парчиња, да им биде доделена нив.

Претставниците на сестрите Џенер, се уште не излегле со соопштение околу оваа ситуација.

Слични содржини