Примарна функција на црниот дроб е да ја филтрира крвта и така прочистена да ги дистрибуира хранливите материи таму каде се потребни.
Исто така, го детоксира телото од хемикалии и лекови, а служи и буквално како депонија на „потрошените“ крвни клетки. Иако има својство самиот да се прочистува и регенерира, тоа не значи дека смееме неодговорно да се однесуваме со нашиот црн дроб.
Всушност, добро би било кога со храната би му помогнале уште поефикасно да ја врши оваа функција.
Затоа, доколку сте целосно здрава личност, без хронични проблеми, потрудете се во вашата исхрана редовно да има грејпфрут, цвекло, моркови, јаболка, брокула, лимон, ореви, авокадо, но и рукола, спанаќ, зелка и карфиол. Пијте барем една шолја зелен чај во текот на денот, а куркумата нека биде зачин кој редовно го користите во исхраната.
Но, доколку имате каков и да е здравствен проблем, секоја промена во исхраната треба да биде во консултација со вашиот лекар и прилагодена на вашата здравствена состојба.