Овие филмови не доаѓаат од Холивуд, но никако не смеете да ги пропуштите

366 прегледи

Филмовите кои ретко доспеваат на репертоарот на модерните кина и кои најчесто се прикажуваат само на фестивали, а кои го носат и предзнакот „авторски“ или „уметнички“, како би се направила дистинкција меѓу скапите проекти на големите студија, нудат прилика да се запознаеме со различни филмски изрази, култури, и да доживееме оригинални, а можеби и веќе видени заплети на интересен начин.

1. Parasite

Еден од кандидатите за „најдобар странски филм“ на претстојните Оскари, Јужнокорејскиот филм Паразит во себе обединува повеќе жанрови. Приказна за семејството и жртвувањето, кое треба да се поднесе за да опстане, прекрасно раскажана дури и ако не сте љубител на азијската кинематографија.

2. The Whistlers

Во прашање е румунска крими комедија каде се раскажува за полицац кој се обидува да извлече бизнисмен од затвор, но за да го направи тоа предходно мора да научи да го изговори јазикот на координирани пораки и ономатопеја.

3. Roma

Мексикански филм со висока естетика, снимен во црно-бела техника. Прикажува една година во животот на куќна помошничка која работи за мексиканска фамилија во текот на 70-тите години на минатиот век.

4.Transit

Во окупираната Франција, бегајќи од нацистите, еден човек наоѓа ракописи од мртов писател и одлучува да го преземе неговиот идентитет. Заплетот во ова германско остварување настанува кога жената на писаетлот, ја наоѓа личноста која се претставува како него.

5. What Will People Say

Драмата која ги обработува социјалните односи во суверената муслиманска заедница се темели на почитување на религиските традиции. Приказната се врти околу жена која е киднапирана и преместена во Пакистан откако нејзиниот татко ја затекнува во кревет со маж.

6. Dogman

Италијанска драма во чие средиште се наоѓа фризер за кучиња чиј живот се превртува откако ќе го послуша локалниот насилник. По излегување од затвор, овој скромен љубител на кучиња ја подготвува својата одмазда.

7. Girl

Белгиска драма, во чиј центар се наоѓа девојка родена во тело на момче, која не сака ништо освен да стане балерина, ја обработува актуелната социјална тема на трансексуализмот.

Слични содржини