Вчера имавме конструктивна дебата. Поради тоа, очигледна е нервозата на ВМРО-ДПМНЕ зошто пораките од вчера не се какви што очекуваа, но сепак не требаше да се противат на должноста јас како предлагач иден на Законот во Собранието да се доизјаснам, рече министерката за правда, Рената Дескоска на прес конференција во Собранието.
„Тоа зборува за нивниот демократски капацитет кое го немаа во минатото, а ниту сега. Целта ми е да укажам на тоа што може да ни биде точка за градење консензус. Што се однесува до концептот кој е содржан во предлог-законот, видовме дека околу концептот беа истакнати две концептуални разлики – коцентп за задржување на СЈО. Наспроти тој коцнепт, слушнавме дека градење на капацитет за она што беше СЈО, треба да биде во рамките на Обвинителството за организиран криминал и корупција. За жал, концептот за задржување на СЈО, концепт кој ние го пративме во првиот текст не доби поддршка и од тие причини, отстапивме од контекст на градење на посебно обвинителство, што беа црвени линии на повеќе партии“, рече Дескоска.
Според министерката, новиот концепт е градење на силно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, кое ќе ги преземе и случаите кои ги водеше СЈО. Вели, ова обвинителство има одредени гаранции, финансиски и статусни, а треба да овозможат и гарантираат од извршната и законодавната власт, да не биде уценувано и да не може да се врши влијание.
„Вчера слушнавме естрадни ставови дека има неуставност во овој предлог, што е целосно неточно. Ваков концепт има и во други земји, така што не може аргументирано да се тврди дека е неуставен концпет. Вчера слушнавме предлог наместо уставното име да се коисти зборот Републиката, но тоа е неприфатливо, бидејќи се брише зборот Македонија од секаде, освен на едно место. Со ваков став, доаѓате до градење на она што беше суштински став на Грција во едно време, никаде да не биде споменуван зборот Македонија. Со избегнување на уставното име, избегнуваат користење на зборот Македонија секаде каде што можат“, истакна Дескоска.
Според неа, вчера немало аргументирано тврдење дека е добра процедура обвинителот да се одбира од опозицијата. Таа додаде дека слушнале мислење вредно за размислување, за јавност при изборот на обвинител, предлог на обвинителката Фатиме Фетаи.
„Што се однесува до членовите 108 и 109, кои се жешкиот костен, ме охрабрува ставот истакнат од експертите, а тоа е дека и да не е пишано, предметите ќе продолжат согласно Законот за кривична постапка. Ако нема изрична одредба за продолжување, тие ќе продолжат согласно Законот за кривична постапка. По денешната Јавна расправа, добро е што и пратениците беа присутни и можеа да ги слушнат ставовите, да оценат кои се аргументирани, кои се про одредена опција и мислам дека сите кои имаат добра волја може да почнат со преговарање. Веднаш ќе закажеме средба од поширок формат, се надевам дека нема да избегаат. Мислам дека имаше корисни совети вчера и ако има добра волја, можеме заеднички да изградиме консензус, особено за прашањата за запирање постапки“, рече Дескоска.
Таа кажа дека Советот за јавни обвинители до сега зборувал за недостаток на обвинители, а никогаш до сега не побарал избор на виши јавни обвинители. Министерката додаде дека добиле информации како се врши избор на обвинител на европско ниво.
„Мој личен став е дека универзитетски професори би можеле да се изберат. За градењето на ставови за судство и Јавно обвинителство, дословно ги почитуваме предлозите од Брисел. Разговаравме за Републичкиот обвинител, може да бидат избрани судии со десетгодишно искуство, а за универзитетски професори и адвокати немаме согласност“, додаде Дескоска.
Според неа, луѓето кои доаѓаат како ескепрти од ВМРО-ДПМНЕ покажуваат лош сигнал дека ќе бараат начин за несогласување за Законот за Јавно обвинителство.
„Ставот за противуставен Закон го искажаа советниците на Груевски, односно Мицкоски, исто е тоа. Работната група од професори и обвинители го напишаа текстот, кој оди во секретаријат за законодавство и таму ги средува. Таму користат тврд административен јазик, но како министер сум обврзана да го почитувам ставот, затоа што без нивното мислење не може да се испрати Законот“, потенцираше министерката за правда.
А.Т.
Фото: Борче Поповски