Заев: Секое попречување на Законот за ЈО значи бегање од правдата и оддалечување од ЕУ

од Vladimir Zorba
132 прегледи

„Носењето на Законот за јавно обвинителство ја гарантира европската иднина на државата“, пишува на својот ФБ профил лидерот на СДСМ и експремиер Зоран Заев.

„Секое попречување на овој процес значи бегање од правдата и оддалечување од Европската Унија.

Да покажеме вистински демократски капацитет за градење на силни и независни институции, кои ќе се борат против криминалот и корупцијата“, посочува Заев.