Фудбалерот на Јувентус, Емре Џан на последниот ден од зимскиот преоден рок замина на позајмица во Борусија Дортмунд.

Џан до крајот на сезоната ќе настапува за бундеслигашот, кој има опцијата за откуп на неговиот договор од 30 милиони евра.
Дваесет и шестгодишниот играч од средниот ред дојде во Јуве од Ливерпул како слободен играч во 2018 година, но сезонава во ЛШ немаше ниту еден настап.