Температурите во Канбера го достигнаа рекордот за февруари, соопшти денеска австралиската метеоролошка служба.
„Во главниот град вчера се измери 42,7 степени, што претставува рекорд за февруари кој го надминува оној од 42,2 степени регистрирани во 1968 година. Исто така е трета највисока температура забележана во градот“, објави на Твитер метеорологот на Метео Франс, Етјен Капикијан.
Во текот на ноќта во југоисточниот дел на Австралија се уништени десетина домови, а постои опасност од голем пожар во јужниот дел на Канбера и околното место Тарв.
Во пожарите изгореа 55.000 хектари шума и земјоделско земјиште.
Жителите кои се во близина на главното жариште се предупредени. – Утрово пожарите се сè уште активни. Пред нас се денови, а можеби и недели за гасење на пожарите, рече еден официјален претставник, додавајќи дека вонредната состојба ќе остане во сила барем до понеделник.