Тајландски лекари: Микс од лекови за грип и ХИВ помогнал за лекување заболени од новиот коронавирус

од Aleksandar Petrovski
130 прегледи

Тим лекари од Тајланд соопшти дека употребата на комбинација на лекови против грип и ХИВ довела до значително подобрување на состојбата на неколку пациенти сериозно заболени од новиот коронавирус.

Лекарите во болницата „Раџавити“ од Бангкок објавија дека новиот третман значително го подобрил здравјето на неколку пациенти во рок од 48 часа од давањето на првата доза.

Меѓу пациентите била и една 70-годишна жена од кинески Вухан, која се заразила со вирусот пред 10 дена.