Кратките прошетки во кои целта е само нужда и олеснување, на кучето воопшто не му се допаѓаат, а ако го правите тоа, тогаш многу грешите со вашето милениче.
Прошетката е омилен дел од денот на кучињата, тие особено се радуваат кога се надвор, а воопшто не им се допаѓа кога ги прекинувате во прошетката и ги враќате дома. Најмалку што сакаат е да поминуваат цел ден во домот, надевајќи се и очекувајќи го моментот кога ќе излезат.
За нив прошетките се како излет. Тоа ги релаксира, а обожаваат да душкаат и да ја разгледуваат околината. Во случај да се плашите од потенцијално затруена храна, тогаш треба да набавите маска за муцката на кучето.
Исто така, важно е да не користите огрлица, туку поводник кој се мести кај грбот и градите. Огрлицата може на долгорочен план да предизвика оштетувања на вратот и грлото.