Не е залудно што кажале дека лекот навистина е пет пари, ако знаете каде да го купите. Па, така и со овој ефикасен шампон против опаѓање на косата.
Оние кои го користеле тврдат дека по кратко време забележуваат никнување на нови влакна на главата.
Потребни состојки:
750 милилитри шампон од коприва
Едно шишенце маслени АД капки
100 милилитри пантенол
50 милилитри рицинусово масло
30 милилитри масло од коприва
Подготовка:
Од шампонот од еден литар, претурете 250 мл во друг сад, за да имате каде да ги додадете другите состојки. Измешајте ги капките, пантенолот и маслата во шампонот. Пред употреба секогаш добро протресете. Резултатите се забележливи по половина пакување.
Ако имате сува коса, препорачливо е да го изоставите пантенолот, бидејќи тој дополнително ја суши косата.