Лопез изгледа 20 години помладо: Ова се нејзините 5 трикови за убава кожа

398 прегледи

Неодамнешниот настап на Џенифер Лопез на Супербол, ги остави без здив сите кои ја гледаа.

Не само што беа истакнати нејзините танцувачки вештини, туку и нејзината безвременска убавина, па фановите почнаа да ја нарекуваат J Glow.

Оттука се наметнува прашањето кое сите ги мачи, како успева на 50 години да изгледа како да има 20?

Без оглед на забрзаниот начин на живот, грижата за децата, напорните вежбања, настапи, Лопез секогаш успева да остави доволно време за спиење.

– Првиот и најважниот совет е: наспијте се. Би сакала да можам да спијам 10 часа, но сепак успевам да одвојам само 8 – рекла Лопез а InStyle во 2018 година.

Лопез исто така, верува дека убавината доаѓа однатре.

– Жал ми е но е така. Мислам дека водата и свежите намирници се одговорни за изгледот на нашата кожа – изјавила за магазинот People.

Ниту пие, ниту пуши

Можете да ја сретнете во град, но никогаш нема да ја видите дека пие алкохол или пуши цигари.

Избегнува кофеин

Иако ужива во омилениот утрински напиток, секогаш пие кафе без кофеин.

„Кофеин немам внесено во себе со години“, изјавила своевремено.

Има одлични гени

– Морам да признаам дека имам добри гени, мама и баба имаа прекрасна кожа, па се сметам за среќна што сум го наследила тоа- рекла пејачката.

Медитира и користи мантри

Како додаток на здравата исхрана таа верува дека телото и душата мораат да бидат поврзани за убавина.

– Дефинитивно сметам дека убавината доаѓа однатре – телото, умот и душата мораат да бидат синхронизирани. Исто така верувам во медитација и чувството на убавина и среќа остануваат видливи на нашата кожа – изјавила и додала дека секој ден ја повторува мантрата: Младолика сум и безвременска.

Го чисти лицето пред спиење

Без оглед на тоа колку и да е уморна, рутината на чистење на кожата никогаш не ја прескокнува.

– Никогаш не сум легнала во кревет без претходно да го исчистам лицето и ставам ноќна крема- открила Лопез.

Слични содржини