Обилни снежни врнежи и силен ветар предизвикаа проблеми во БиХ (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
205 прегледи

Интензивни снежни врнежи и ветрови синоќа предизвикаа големи проблеми во Босна и Херцеговина, но ситуацијата од утрово постепено се нормализира и сите сообраќајни правци повторно се проодни, изјавија официјални лица од Авто мото Сојузот на БиХ.

Во раните утрински часови, за сите возила беше отворен магистралниот пат Гламоч – Млиниште, додека  на патниот правец Купрес – Шуица – Ливно привремено возат само патнички возила.

За камионите задолжително е да се користат зимска опрема на патиштата меѓу Сараево и Тузла, преку планински премини во централниот дел на земјата и во поширокото подрачје на планината Романија.

Мостар во текот на ноќта беше погоден од силни ветрови кои предизвикаа штета на деловните и станбените згради и возилата.

Малиот град Соколац во текот на ноќта беше целосно отсечен од светот затоа што ветерот урна далноводи, па немаше електрична енергија и вода.

Пристапот до градот беше расчистен утрово, но градоначалникот Милован Бјелица рече дека ќе биде потребно долго време за нормализирање на снабдувањето со електрична енергија.

 

 

Слични содржини