Евростат: Холанѓаните најмногу работат од дома, Бугарите најмалку

од Aleksandar Petrovski
157 прегледи

Во 2018 година 5,2 отсто од вработените на возраст од 15 до 64 години во Европската унија работеле од своите домови, а не од работното место.

Податоците на Евростат покажуваат дека овој удел во изминатата деценија секогаш се движел околу пет отсто, но се зголеми бројот на оние кои повремено работат од дома – од 5,8 во 2008 на 8,3 отсто во 2018 година.

Со 14 отсто од вработените кои во 2018 година работеле од дома, Холандија е на врвот на листата на членки на ЕУ, а по неа следуваат Финска (13,3 отсто), Луксембург (11) и Австрија (10 отсто). Од друга страна, најмалку луѓе во ЕУ работеле од дома во Бугарија (0,3) и Романија (0,4 отсто).

Во 2018 година, жените вообичаено работеле повеќе од дома (5,5 отсто) отколку мажите (пет отсто). Сепак, во осум држави-членки на ЕУ ситуацијата била обратна, односно повеќе мажи работеле од дома во однос на жените. Во Холандија соодносот по овој показател е 15,5 наспроти 12,3 проценти, во Данска 8,5 отсто мажи наспроти седум отсто жени и Ирска 7,2 проценти мажи и 5,7 отсто жени.

Исто така, бројот на оние кои работат од дома се зголемува со возраста. Во ЕУ само 1,8 отсто од вработените на возраст од 15 до 24 години работеле од дома, во споредба со пет отсто од луѓето на возраст од 25 до 49 години и 6,4 отсто кај лицата од 50 до 64 години.

Слични содржини