Озогласениот убиец кој работеше за колумбискиот шеф на нарко мафијата Пабло Ескобар, починал од рак на стомакот, соопштија колумбиските медиуми.
Џон Хаиро Веласкез, кој се фалеше дека за Ескобар убил 300 луѓе, имал 57 години.
Веласкез, попознат како попај, пуштен е од затвор во 2014 година по повеќе од 20 години робија и тогаш отвори Јутјуб канал кој има повеќе од милион следбеници.
Уапсен бил повторно во 2018 година заради обвинение за изнуда.
Веласкез починал на националниот институт за лечење рак во Богота, каде бил на лечење од декември.
Бил близок соработник на Ескобар, лидерот на нарко картелот од колумбискиот град Меделин. Тие ја снабдевале Америка со илјадници тони кокаин.
Веласкез во 1992 година им се предал на властите и минал 23 години во затвор.
Ескобар изградил нарко царство во текот на осумдесетите и деведесетите години и во тоа време бил еден од најбогатите луѓе на свет. Го убила колумбиската полиција во 1993 година кога се обидел да избегне екстрадиција во САД.