Јатките се здрави, но големи количини може да бидат опасни

од Elena Daskalova

Сигурно веќе ви е добро познато дека јаткастите плодови се исклучително здрави за вас и дека ја подобруваат работата на кардиоваскуларниот систем, но и на нервниот.

Вкусни се, здрави и хранливи, но тоа не значи дека можете неограничено да ги јадете, особено затоа што се многу масни.

Јатките помагаат во слабеењето, но само ако ги јадете во препорачаната количина. Многу е тешко да се запре по само 4-5 бадеми и 10-тина индиски ореви, но морате да го направите тоа, бидејќи ако изедете премногу, всушност ќе ве здебелат. Тие се доста калорични и имаат висока енергетска вредност.

Честа нуспојава од претераното јадење јатки се и дигестивните проблеми. Ако претерате со нив, може да имате навистина непријатни дијареи и подуеност во стомакот.

На крај, важно е да се знае дека најголемиот дел од јаткастите плодови содржат многу селен, кој во одредена доза е многу корисен за нас, но ако се претера, може да си предизвикаме труење. Ризикот расте со секоја изедена јатка над дозволените количини. На пример, бразилските ореви имаат толку многу селен, што се препорачува да изедете два до три во текот на денот. Од обичните ореви можете да изедете до 6 цели плодови, од бадемот најмногу 8, додека индиски ореви можете да изедете 6-10 јатки.

Слични содржини