210
Во Подгорица синоќа се одржа вториот политички протест што го организира Групата граѓани „Пресврт“ (П(ре)окрет) , а од кој се бараат фер избори и оставка од претседателот Мило Ѓукановиќ.
Весникот „Вијести“ наведува дека демонстрантите бараат и повлекување на спорниот Закон за слобода на веросиповедта.
Учесниците во протестот, кои се организирани под паролата „Мора да си замине“, прво се собраа пред зградата на претседателот на Црна Гора , а потоа заминаа во протестна прошетка, пренесе „Вијести“.
Главното барање, Ѓукановиќ да поднесе оставка, организаторите му го врачија уште во среда, на првиот протест.