Почна седницата за ратификација на Протоколот за НАТО

од Aleksandar Todeski
179 прегледи

Почна седницата на која пратениците треба го ратификуваат Протоколот за влез на С. Македонија во НАТО. Свеченоста за НАТО Проколот почна во Собранието во 12:45 часот, кога пристигна првиот гостин, Мирослав Туѓман, пратеник и шеф на Хрватската делегација во Парламентарното Собрание на НАТО. Освен Туѓман, на свеченоста присуствуваат и Атила Местерхази од ПС-НАТО, како и Василика Хуси, потпретседателка на Парламентот на Албанија, Цвета Карајанчева, претседателка на Националното собрание на Бугарија, како и Генци Ниманбегу, потпретседател на Парламентот на Црна Гора.

 

 

На денешната седницата свое обраќање ќе има претседателот Стево Пендаровски, потоа премиерот Оливер Спасовски, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, лидерот и пратеник на ДУИ, Али Ахмети, по што ќе се обрати координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Во име на Независната пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе се обрати пратеничката Нола Исмајлоска Старова, потоа пратеникот на Алијанса на Албанците, Сурја Рушиди, лидерот и пратеник од Алтернатива, Африм Гаши, пратеникот од Беса, Фадил Зендели и Мерал Ферати од ДПА.

Откако ќе поминат сите претставници на власта и партиите, последен ќе се обрати претседателот на Собранието, Талат Џафери, по што на пратениците ќе им се обрати претседателот на Парламентарното Собрание на НАТО, Атила Местерхази.

Откако и официјално ќе се ратификува Протоколот, пред Собранието свечено ќе биде подигнато знамето на НАТО. Ратификацијата има одложено дејство, односно ќе стане официјална откако Шпанија, што се очекува да се случи во март, коа македонското Собрание ќе биде распуштено поради изборите кои се закажани за 12 април.

А.Т.

Слични содржини