Кекси со банана – здрав појадок и десерт

452 прегледи

Состојки:

2 банани
50 мл млеко
1 јајце
1 лажичка мед
100 гр овесни снегулки
1 лажичка цимет
1/2 лажичка прашок за пециво
1/2 лажица екстракт од ванила
прстофат сол

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 170 степени. Плехот за печење покријте го со хартија за печење.

Изгмечете ги бабаите и измеѓајте со млеко, изматените јајца, мед и екстрактот од ванила. Потоа додајте ги снегулките, циметот, прашокот за пециво и солта.

Тестото со помош на лажица распоредете ја на хартијата за печење, меѓу нив оставете простор од неколку центиметри.

Печете отприлика 15 минути, додека рабовите не станат златни.

Слични содржини