Домашна пита без кори со сирење и маслинки

од Elena Daskalova
641 прегледи

Оваа лесна пита со павлака и сирење всушност нема кори, туку се прави од специјално подготвена смеса во која можете да додавате различни состојки.

Потребни состојки:

2 јајца
150 грама брашно
2 лажици гриз
100 милилитри млеко
1/2 прашок за печиво
50 грама маргарин

За полнење:

200 грама сирење
200 грама павлака
100 грама маслинки
1 поголема црвена пиперка
1 јајце

Подготовка:

Изматете 2 јајца, додајте ги брашното, прашокот за печиво, гризот, млекото и маргаринот и изматете додека не добиете хомогена смеса. Половина од смесата турете ја во плех со димензии 25 x 15 центиметри.

Сирењето исечете го на коцки и распоредете го преку тестото. Одозгора наредете исечени маслинки и парчиња пиперка. Измешајте ги павлаката и јајцето и турете ги врз смесата што е во плехот.

Најгоре додајте го останатиот дел од тестото.

Печете на температура од 200 °C околу 40 минути.

Слични содржини