Боки 13: Бев изманипулиран од Кичеец, сакам детално да се покаже нашиот однос

од Vladimir Zorba
473 прегледи

Во моментов во судницата се презентира доказниот материјал на обвинителството, односно снимените разговири од Зоран Милевски Кичеец.

По расправијата на висок тон со судијката Васка Николовска – Масевска, Јовановски изјави дека сака да се покаже дека тој бил изманипулиран од Кичеец.

– Пандорината кутија ја отворам официјално. И покрај нарушениот кредибилитет, изнесените лажни извештаи за мојата здравствена состојба, омаловажување, тортурата која ми се врши, сакам детално да се покаже и докаже мојот однос со обвинетиот Зоран Милевски од кој бев изманипулиран, вели Боки 13.

И.Р.

Слични содржини