Денот на вљубените, некои се во врска, некои се соло. Некои ќе излезат, а некои ќе останат дома/ За воеи кои одлучиле да се опуштат во топлината на својот дом, без разлика дали се во врска, брак, комплицирана врска или пак сами, ви донесуваме преглед на најдобрите романтични филмови за Валентајн. Се што ќе ви биде потребно е удобен тросед, телевизија и по можност, неколку чаши вино.
1. You’ve got mail
Се знаат и не се поднесуваат, големи ривали на работа, но всушност се сакаат… Одличен филм на Том Хенкс и Мег Рајан.
2.Crazy stupid love
„Галебот“ Рајан Гослинг одлучува да му помогне на Стив Карел да ја заборави сопругата, но работите брзо се комплицирааат. Добар романтичен филм, но и многу интересна комедија.
3. La la Land
Тој е пијанист, таа е актерка. Се заљубуваат.
4. Forgetting Sarah Marshall
Познат рокер му ја украде девојката па Џејсон Сегел одлучува да оди на Хаваите. А кој го чека таму? Токму тој родек со неговата девојка.
5.Lady and the tramp
Веројатно најромантичниот цртан филм од фабриката на Дизни. Одличен избор за Денот на вљубените.
6. When Harry met Sally
Дали сексот може да го уништо доброто пријателство дознаваме во овој хит филм од 1989 година.
7.Valentines day
Некои се смируваат, некои раскинуваат. Хаотичен валентајн со одлична актерска екипа.
8. Pretty woman
Тој е богат бизнисмет, а таа проститутка. Една од најдобрите романтични комедии во историјата. И на стотото гледање е интересна.
9. Notting hill
Повторно Јулија Роберст и повторно генијална романтична комедија. И оваа е исто така добра и на десетото гледање.
10. Notebook
Стопати раскажаната приказна за сиромашното момче и богатата девојка.
11. Brokeback mountain
Ваков вестерн филм вашиот дедо сигурно не би очекувал. Одличен филм за забранетата љубов на двајца каубои.
12. Dirty dancing
Култен филм со неколку легендарни свцени и одлична музика, секогаш добар избор..
13. Love actually
Божиќен филм во февруари. Секогаш добра опција. И актерска екипа.
14. Slepepless in Seattle
Синот одлучува да ја најде совршената жена за својот татко вдовец. Мег Рајан повторно брилијантна во овој жанр.
15. An affair to remember
Како што вели IMDB, романтична драма и музикл.
16. Casablanca
Култниот класик. Добитник на три Оскари и еден од безвременските филмови.