Мизрахи: Благодарам на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните и Собранието за шансата да бидам министер

од Aleksandar Todeski
412 прегледи

Техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, зборуваше на седницата на која пратениците треба да гласаат за нејзино разрешување. Говорот, Мизрахи ги почна со хајка, која рече дека се водела против неа, а која почнала со антисемитски напади и како што рече, завршила со таблата во Министерството.

„Дозволете да им се заблагодарам на сите граѓаните на Република Македонија, на ВМРО-ДПМНЕ и на Собранието за шансата да бидам министер. Ми беше чест и задоволство. Уште невлезена во Министерството како прва Еврејка во Владата бев мета на антисемитиски напади. Конечно хајката против Еврејката Мизрахи од страна на СДСМ заврши, кулминира, со евтина театарска претстава наречена таблата во Министерството. Не ја прашувајте Мизрахи, прашајте ја Мила каде е новата табла. Јас сум Рашела Мизрахи, горда Еврејка од Македонија“, рече Мизрахи во говорот пред пратениците.

Слични содржини