Во 17:00 часот ќе почне седницата на која пратениците ќе дебатираат за Законот за одбрана. На седницата освен овој Закон, на дневен ред има уште триесетина законски решенија, меѓу кои и измените за Изборниот законик предложени од група пратеници за една изборна единица, отворени листи и еднаква родова застапеност на листите, кои се блокирани со илјадници амандмани.
Законот за одбрана треба да биде изгласан со дво-третинска поддршка, односно со минимум 80 пратеници. За него позитивно се изјаснија сите пратенички групи, додека пак опозициската ВМРО-ДПМНЕ одбива да го гласа бидејќи во него пишувало Армија на Република Северна Македонија, иако името на армијата е веќе регулирано со указ од претседателот Стево Пендаровски.
Законот за Јавно обвинителство пак, како Законот за одбрана на гласање ќе бидат ставени утре, додека пак законите за кои е потребно мнозинство од 61 пратеник ќе биде ставени на гласање денеска, откако ќе поминат расправите за Законот за Совет на Јавни обвинители и Законот за одбрана.
А.Т.