Деца од Скопје ја воодушевија публиката на Фестивалот за глума на ученици во Словенија

од Берта Китинска
179 прегледи

Ученици од скопската општина Бутел, ја воодушевија публиката настапувајќи на фестивалот за глума на ученици во Словенија.

Децата се ученици во основното училиште Ацо Шопов, а по покана на училиштето Леон Штукер, учествуваа на фестивалот и ја изведоа драмата „Моја тајна”. Учениците покрај глума, учествуваа и во спортски натпревари каде што освоија прво место и добија посебни пофалници за во три дисциплини.

Тие по успешниот настан беа и на свечен прием, кој Амбасадата на Северна Македонија го приреди специјално за нив. Учениците на Амбасадорката Сузана Зеленковска и дадоа рачно изработени подароци.
Престојот на петте ученици во Словенија финансиски го поддржа Општина Бутел.

Слични содржини