Откако ја обвинија дека лаже, Северина објави нова фотографија

380 прегледи

Северина на Инстаграм објави фотографија во поопуштена модна комбинација со која ја истакна витката фигура.

Пејачката позираше во тесни фармерки и припиена маичка, а на фотографијата се истакнува нејзината малку разбушавена коса.

„Благодарна за се“, порачала во описот.

Под фотографијата се нижеа комплименти за пејачката од нејзините фанови и пријатели.

Инаку, Северина со претходната објава го сврте вниманието на српските медиуми. Имено, пејачката на својот Инстаграм објави фотографија со сопругот Игор и свекорот и свекрвата и во описот напишала:
„Еден обичен понеделник“ и ставила локација во Белград.

На српските новинари не им требаше долго да сфатат дека фотографијата не настанала овие денови, туку во септември 2018. Ја издала фотографијата на профилот на Игор, објавена на 11 септември 2018 година, на која неговата мајка Олја позира во истиот ресторан, во истата облека, а зад неа седат истите луѓе, исто така во иста облека. Српските медуми се запрашале дали причината поради која Северина ја објавила фотографијата е дека сакала да ги замолчи озборувањата или едноставно се послужила со стара фотографија.

Слични содржини