335
Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски од судот побара неговиот клиент да биде пуштен во домашен притвор, на кој предлог обвинителката Рускоска се спротистави бидејќи како што посочи, Боки 13 бил фатен на граница со намера да бега.
На ова реагираше и Бојан Јовановски, потврдувајќи дека Рускоска лаже бидејќи, како што посочи, дека тој одел на седум дневен одмор на Миконос.
„Чесен суде, ве молам, оваа држава, во која криминалци владеат и шетаат слободно, Судот да не тренира правда врз мене“, посочи Јовановски.
И.Р.
Фото: Борче Поповски