Синиот чај, познат уште како сина месечина, е вистински хит на Инстаграм бидејќи освен што е исклучително фотогеничен, се работи за пијалак кој е и вкусен и здрав.
Основата на овој чај е зелениот чај, со додадени сушени овошја и исушени цветови од сина тајландска орхидеја, позната кај нас како плавица или блубелвин. Од нив доаѓа и сината боја.
Собраните пупки се сушат околу 10 часа, а потоа се плетат во спирала за да продолжат да се сушат. Овој начин на сушење овозможува цвеќето да не ја изгуби својата арома и единственоста што му ја дава на оној што го пие.
Ги содржи витамините Б, Д, К, Е и Ц, кои придонесуваат за зајакнување на имунитетот, а притоа е и полн со антиоксиданси, па истовремено врши и детоксикација на опрганизмот.
Во традиционалната ајурведска медицина со векови наназад се користи за подобрување на менталното здравје – намалување на стресот, анксиозноста, а притоа има и седативно дејство.
Чајот може да се пие и топол и ладен, засладен, но и без шеќер. Добра вест е дека истиот чај можете да го пронајдете и кај нас, во специјализираните продавници за продажба на чаеви.