Докторката Анита Пател, естетски хирург од Беверли Хилс, објавила фотографија со која сликовито објаснува како да препознаете жртви на лоши и непрофесионални естетски зафати.
Таа тврди дека секоја втора девојка или жена, која ги полнела усните со хијалурон, всушност има деформитет и тоа воопшто не е наивно. Пател вели дека штом се препознава дека имало интервенција, тогаш таа интервенција не е добро направена. Постојат усни полнети со хијалурон кај кои воопшто и не се познава дека е интервенирано, бидејќи сето тоа е изведено со вкус пред сè, а потоа и со прецизност и на професионален начин.
Често се случува филерот да мрда над ивицата на усната, давајќи неприроден изглед, а тоа се случува кога хијалуронот се вбризгува директно на линијата на устата. Поради тоа тој не може да стои на едно место, туку се движи и се таложи на ивиците на усните, по што се добиваат оние заоблени агли кои сè почесто ги гледаме кај многу девојки и жени.
Но, она што најмногу ја плаши Пател е што ваквата појава е толку нормализирана, што е тажно како и оние кои ги прават и оние кои ги носат усните ги рекламираат како природни и професионално изведени.
Сите тие усни изгледаат исти едни на други. Пател смета дека не е проблем ако некој сака да има пополнети усни, но проблем е кога таа интервенција ги уништува природните анатомски закони за пропорции и форми.