Читачи од усни открија што ѝ шепнал Чарлс на Камила на крунисувањето (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Новиот британски крал Чарлс беше уловен од камерата додека ѝ се жалел на својата сопруга Камила дека му е „страшно досадно“ бидејќи бил принуден да почека неколку моменти пред да може да влезе во Вестминстерската опатија каде ќе се одржи крунисувањето.

Во саботата наутро Чарлс пристигна пред опатијата малку пред договореното време и мораше да почека неколку минути пред да влезе во црквата. Вилијам и Кејт, односно принцот и принцезата од Велс пристигнале малку подоцна и се придружиле на толпата која влегла во црквата по идниот крал. Штом било забележано дека Чарлс ѝ кажува нешто на Камила, биле ангажирани читачи од усни за да дознаат што рекол Чарлс.

„Никогаш не може сè да биде на време. Секогаш има нешто… Ова е толку досадно“, рекол Чарлс.

Но, можеби зборовите на Чарлс се само одраз на нервозата пред некој важен настан.

Чарлс и Камила беа крунисани на церемонија на која присуствуваа стотици шефови на држави, многу кралеви и кралици и бројни познати личности, а милиони луѓе ширум светот ги гледаа преку ТВ екраните и Интернет.

Слични содржини