Заштита од коронавирусот: Фенди со заштитна маска од 190 евра

725 прегледи

Луксузниот бренд Фенди произведе заштитна маска со своето лого, која се продава по цена од околу 190 евра.

Луксузната маска на италијатската страница Luisa Via Roma е моментално распродадена, што ја доловува паниката која моментално владее во Италија поради коронавирусот. Црно-кафената маска е направена од свила и е дел од колекцијата пролет/лето 2020.

Во Италија од коронавирусот засега починале петмина. Делови од северот на земјата поради тоа се во блокада, а единаесет градови се во своевидна изолација. Како што јавуваат тамошните медиуми, во тие градови се изолирани вкупно 50 илјади луѓе. Познатата катедрала Дуомо во Милано е затворена, а оваа недела таму ќе бидат затворени и училиштата. Прекинат е карневалот во Венеција, а во тој град затворено е и лизгалиштето Ла фениси базиликата Свети Марко.

Слични содржини