Мета обвини дека во „државниот удар“ се вмешани и меѓународни претставници

од Aleksandar Petrovski
249 прегледи

Албанскиот претседател Илир Мета, зборувајќи за, како што го нарече, „државен удар“, обвини меѓународни претставнци дека се вмешани во него, додавајќи дека „амбасадорите излегле од нивниот дипломатски статус во Албанија“.

-Зошто тие излегоа од нивниот дипломатски статус во Република Албанија? Замислете исто како албанската амбасадорка во Рим да ја доведе во прашање уредбата на Претседателот на Италија! Тие ќе ја спакуваа и за 24 часа ќе беше на аеродромот во Тирана. Сепак, тие го сторија тоа, иако им реков дека ова не е барање за Венецијанската комисија, бидејќи е смешно. Некои соработници веќе се познати, но има и други. Се сомневам дека за жал ќе се појават и меѓународни соработници во овој чист чин и обид за државен удар,рече Мета.

На прашањето дали доколку граѓаните на протестот на 2 март побараат да го распушти парламентот, тој ќе го стои тоа, Мета не даде директен одговор. Сепак, рече дека претседателот на републиката ќе биде во целосна хармонија со граѓаните „вршејќи ја должноста за враќање на уставниот поредок“.

-Сигурен сум дека ќе бидеме во целосна хармонија со граѓаните. Важно е дали тие прифаќаат или повеќе не прифаќаат дека група пучисти ги зграпчуваат сите нивни уставни и човекови права, нивната слобода, нивната одговорност во оваа земја пред нив, кои плаќаат даноци, па дури и ги плаќаат стратосферските долгови. И да бидат апсолутно сигурни дека Претседателот на Републиката ќе ја изврши својата должност на најпримерен начин за враќање на уставниот поредок и ќе побара од сите да ја завршат својата задача, сите други актери. Оваа приказна не може да се избегне тука. Ние сме во последната пресметка со пучистите, нема друго прашање поважно во Албанија сè додека не го решиме ова прашање, вели Мета.

Во интервјуто, претседателот Мета исто така обвини за депопулација на Албанија. Според него, една меѓународна организација, чие име не го спомена, „се стремела и се стреми за депопулација на земјата,за жал преку оваа банда,за која нема толеранција“.

Слични содржини