Харадинај за одлуката на Курти: Ова е почеток на враќањето на Србија и Русија на Косово

од Vladimir Zorba
208 прегледи

Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај оцени дека Албин Курти се предал на Србија со одлуката за суспендирање на дел од таксите на производи од БиХ и од централна Србија.

„Вечерва измамникот Албин Курти се предаде на Србија. Ова е почеток на враќањето на Србија и Русија на Косово“, напиша Харадинај, одговарајќи на одлуката на новата косовска влада да ги укине даноците на суровините што доаѓаат од БиХ и од централна Србија од средината на март.

Премиерот на Косово, Албин Курти објави дека даноците на увозот на суровини од Босна и Херцеговина и од централна Србија ќе бидат укинати од 15 март.

„Ако српската страна покаже добра волја, ние ќе ги укинеме сите такси за 90-дневен период од 1 април“, рече Курти.