Гренел: Не ги поддржуваме полумерките на Курти

од Aleksandar Petrovski
255 прегледи

Американскиот специјален претставник за дијалогот Белград-Приштина, Ричард Гренел објави дека САД не ги поддржуваат полумерките на косовскиот премиер Албин Курти за делумно укинување на царините за стоки од централна Србија.

„Нашата позиција е сосема јасна: таксите мора да бидат целосно укинати. Курти прави сериозна грешка – и ова му е јасно ставено на знаење на косовскиот претседател Хашим Тачи во Белата куќа“, напиша Гренел на Твитер во врска со постепеното и условно укинување на царините на стоки од централна Србија и БиХ.

Слични содржини