Негативни се резултатите на корона вирус кај пациентката која утрово се јавила на Клиниката за инфективни болести

од Aleksandar Petrovski
122 прегледи

Негативни се резултатите на корона вирус кај пациентката која утрово се јавила со знаци на респираторна инфекција на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Пациентката патувала во критичниот регион на Северна Италија и влегла на 26 февруари во земјава.

Засега нема нов случај на заразен со корона вирус. Единствената пациентка којашто се лечи на инфективната клиника е во добра општа состојба, се вели во соопштението на Министерството за здравство.