Се подготвува теренот за новиот пар во Карпош

од Aleksandar Todeski
367 прегледи

Град Скопје во соработка со Општина Карпош ќе реализира проект за нов парк во населбата Карпош 4, кој ќе се простира по должина на бул. „Илинден“ на површина од 60 000 квадратни метри.

-Паркот ќе биде лоциран врз јавниот простор, кој повеќе децении е запуштен и претставува потенцијално место за создавање диви депонии и палење огнови на отворено. Тој ќе се надоврзе на спортско-адреналинскиот дел, на кој локалната самоуправа работи интензивно неколку месеци. Во планирање на јавниот простор е вклучена и јавноста, со фактот што во тек е Конкурсот за избор на идејно решение на паркот, кој го распиша Град Скопје, и ќе трае до 16 март 2020 година, соопшти Општина Карпош.

Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев со претставници од Град Скопје беше на увид на теренот, каде што се очекува наскоро да почнат подготвителните активности за рамнење на површината.

– При обиколката беше констатирано дека се работи за нерамен терен и поголеми долови, а на локацијата беа забележани и обилни количини кабаст отпад и остатоци од градежен шут. Богоев и службите на Градот заклучија дека уредувањето на овој простор ќе биде трајна придобивка за сите граѓани. Шутот и отпадот ќе бидат отстранети и заменети со уредено зеленило и рекреативни содржини, информира Општина Карпош.

Слични содржини