Лицето кое синоќа во Куманово брутално шутираше куче заработи три пријави преку опцијата „Red Button“, која може да се најде на веб страницатана Министертството за внатрешни работи.
Во моментот, Министерството работи на откривање на лицата инволвирани во ужасниот чин. На снимката се гледа како младото момче кое зборува на кумановски дијалект силно го удира кучето во пределот на стомакот, а тоа со болка и плач избега. Видеото беше објавено на социјалните мрежи, но откако стана вирално, тие ги избршаа своите профили.
Во членот 233 од Кривичниот законик, пишува дека следува казна до една година затвор за мачење животни.
„Тој што грубо злоупотребува животно или го изложува на непотребни маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година“, пишува во Кривичниот законик.