Еден возрасен Ирачанец почина пред камерите што снимаа емисија во живо, додека се жалеше на животот во таа земја.

Разговарале за лошите услови за живот пред да колабира.
„Нема работа. Луѓето се уморни“, рече тој и падна.
Болницата Ал Иармук соопшти дека старецот имал срцев удар и починал.
Како што се наведува, тој налетал на новинарите кога дошол да побара помош во една болница во Багдад.
Тука разговарал со телевизиската екипа и тамошниот медицински експерт и наводно почнал да зборува за своите проблеми. Членовите на семејството тврдеа се разболел откако властите му одзеле една од неговите продавниците.
Кратко откако почнал да се жали на ситуацијата во земјата, го зграпчил медицинското лице покрај себе и се срушил.
Од болницата тврдат дека лекарот не го лекувал пред тој да разговара со новинарите.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=36&v=Wc7_fn6iFnA&feature=emb_title